Листа на 10 најомразени клубови на Европа – Знаете ли кој го претставува Балканот?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Погодувате, Италијаните рангираа топ 10, дали некој изоставија?

Италијанскиот сајт calciomercato.com,  Италијанскиот сајт состави листа на најомразени клубови во Европа.

Да тргнеме од десеттото место, со објаснувања.

  1. Динамо Загреб

Ја освојуваат титулата 11 години во низа, Мамиќ како некој кој никого не го остава рамнодушен и обвинувања на сметка на Динамо дека бил и останал клуб на тајната полиција.

  1. Лајпциг

Тргнаа од нула, прескокнуваа рангови, јасно е дека парите на Ред Бул го направија своето, а ги викаат вештачки клуб без традиција.

  1. Манчестер Сити

Тие имаат традиција за разлика од Лајпциг, но таа е составена од порази и разочарувања. По доаѓаето на Арапите и купувањето на играчи, тие направија многу непријатели.

  1. Селтик

Јасно е дека делот кој навива од Шкотска за Глазгов го сочинува најголемиот дел од оваа приказна, но откако Ренџерс пропаднаа и Селтик нема ривали и навивачите на другите клубови ги мразат.

  1. Челси

Тие беа Сити пред Сити во ПЛ. Но никој не очекуваше дека авантурата на Абрамович ќе трае толку долго.

  1. Баерн Минхен

Најпопуларниот, но и најомразениот клуб во Германија, начин на кој економската моќ за превземање на играчите на другите клубови во последната деценија и доминацијата ги засилија негативните чувства.

  1. Манчестер Јунајтед

Тие ја сменија историјата на англискиот фудбал, доминираа во ПЛ, го сменија Ливерпул на врвот и сменија многу работи во текот на годините, сега се мета на сите, особено поради финансиската моќ.

  1. Јувентус

Оваа приказна е позната, клубот за кој навиваат 13 милиони на Апенините, а останатите ги мразат. Доминацијата во оваа деценија уште повеќе ја засили омразата.

  1. Реал Мадрид

Второ место, не можат да бидат први, а јасно е поради што. Последните неколку децении со начинот на кој правеа трансфери, работната политика, фактот дека спектаклот е поважен од резултатот го поделија светот. Реал навејројатно е најголем во светот, но има и многу кои не го сакаат.

  1. Барселона

Првото место им го донесе доминацијата на крајот на минатата деценија. Јасно, Барселона порасна во еден од првите три клубови во светот од Гвардиола, па до сега, беше супериорна во однос на Реал и доби многу фанови.

Сега им припаѓа на сите, не само на тие во Каталонија. Но од друга страна, навивачите на другите големи клубови, а нив ги има многу, не ја сакаат Барселона. Им замеруваат за многу работи, а посебно за тие што се случуваат во ЛШ, па затоа некогаш ги нарекуваа УЕФАлона.

Ова е листата:

1.Барселона
2. Реал Мадрид
3. Јувентус
4. Манчестер Јунајтед
5. Баерн Минхен
6. Челси
7. Селтик
8. Манчестер Сити
9. Лајпциг
10. Динамо Загреб