Лорен Блан се враќа во менаџерските води, презема гигант од Серија А


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Поранешниот тренер на Бордо и ПСЖ и селектор на репрезентацијата на Франција, Лорен Блан е пред враќање во тренерските води.

Имено, за Французинот постои сериозен интерес од редовите на Рома која има лош старт на сезоната во Серија А и покрај големото вложување ова лето.

Еусебио Ди Франческо веројатно ќе добие отказ во следните неколку недели затоа што победи само на една средба од првите пет натпревари во Серија А.

Покрај Блан, кандидати за наследник на Ди Франческо се и Пауло Соуза, Роберто Донадони и Винченцо Монтела.