Лотито прави неверојатен потег: Лацио со повредите ќе се бори со помош на – свештеник!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито направил несекојдневен потег на тренингот на неговата екипа, која се соочи со многу повреди во последниот период.

Италијанските медиуми пишуваат дека Лотито повикал католички свештеник за да даде благослов на тренинг-центарот и неговите фудбалери за да не се повредуваат повеќе.

Римјаните се соочија со катастрофален период, каде што доживеаа многу повреди, а многу од нив со мускулите на нозе, па поради тоа беа елиминирани од Севилја во Лига Европа.

Интересно е тоа што ова не е првпат Лацио да бара помош од свештеник, зашто тоа се случило уште трипати, поточно во 2009, 2010 и 2013 година.