Лотито уште еднаш потврди дека Милинковиќ Савиќ не е на продажба


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Претседателот на Наполи, Клаудио Лотито потврди дека Сергеј Милинковиќ Савиќ не е на продажба и дека ќе може да си замине од Лацио само за „луда“ понуда.

Српскиот фудбалер е поврзуван со трансфер во Јувентус, Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, но клубот од Рим нема да го продава за сума помала од 120 милиони евра.

„Никогаш не сме го ставиле на продажба. Чекаме понуди и не се грижиме за неговата продажба. Не е на продажба, но во фудбалот секогаш секој може да биде продаден, но само за неверојатно луда понуда“ –коментираше Лотито.