Лоши вести за Ливерпул пред натпреварот против Манчестер Сити


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Бразилскиот играч Филипе Кутињо ќе го пропушти големото дерби од 19. коло во Премиер лигата во кој неговиот Ливерпул на домашен терен ќе игра против Манчестер Сити.

Кутињо се повреди кон крајот на ноември во натпреварот против Сандерленд и од тогаш пропушти шест натпревари во Премиер лигата.

Иако се претпоставуваше дека тој би можел да се врати на теренот пред Нова Година, сепак тоа нема да се случи, а оваа информација ја потврди на пресконференијата менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп. Клоп изјави дека Кутињо веројатно нема да биде подготвен и за натпреварот против Сандерленд кој се игра во понеделник.

Потсетуваме дека Кутињо оваа сезона одигра 14 натпревари за Црвените и постигна шест гола и исто толку асистенции.