Лош старт, среќен крај - Маверик Вињалес победи во Катар

Возачот на Јамаха, Маверик Вињалес беше победник на првата трка оваа сезона за ГН на Катар.

Стартот на трката беше неколку пати одложен поради тоа што врнеше, а трката беше скратена на 20 кругови. Лошо стартуваше Вињалес кој падна на петата позиција. Јаноне го презеде водството, но веднаш Зарко нападна и се најде на лидерската позиција. Андреа Довициозо ги помина Јаноне и Маркез и се проби на втората позиција. Лидерот Зарко падна 14 круга пред крајот на трката, а нов лидер беше Довициозо од Дукати. Кога се приближи Вињалес до Маркез и Јаноне, италијанецот падна. Вињалес и Роси го поминаа Маркез кој падна на четвртата позиција. Голема борба се водеше помеѓу Вињалес и Довициозо за првата позиција, а на крајот шпанецот славеше во Катар. На третото место заврши Валентино Роси, а четвртото место му припадна на актуелниот шампион Марк Маркез. Педроса заврши пети, Алеиш Еспаргаро шести, Рединг седми. ТОП 10 ги комплетираа Милер, Ринс и Фолгер. Хорхе Лоренцо трката ја заврши на единаесетата позиција.

Трката не ја завршија Данило Петручи, Андреа Јаноне, Алваро Баутиста, Жоан Зарко и Кал Крачло.

1. Маверик Вињалес – Јамаха
2. Андреа Довициозо – Дукати
3. Валентино Роси – Јамаха
4. Марк Маркез – Репсол Хонда
5. Дани Педроса – Репсол Хонда
6. Алеиш Еспаргаро – Априлија
7. Скот Рединг – Окто Прамак Рејсинг
8. Џек Милер – Марк ВДС Рејсинг Тим
9. Алекс Ринс – Сузуки
10. Џонас Фолгер – Монстер Тех 3
11. Хорхе Лоренцо – Дукати
12. Лорис Баз – Авинтија
13. Хектор Барбера – Авинтија
14. Карел Абрахам – Пул и Беар Аспар Тим
15. Тито Рабат – Марк ВДС Рејсинг Тим
16. Пол Еспаргаро – Ред Бул КТМ
17. Бредли Смит – Ред Бул КТМ
18. Сем Ловс – Априлија