Лук Бабит нов член на Атланта


ЕУРО 2024: Кој јунак ќе ја сопре Франција!? ↓↓↓


Извори од САД денеска јавија дека тимот на Атланта Хокс го потпиша 28-годишниот ветеран Лук Бабит.

 

Лук Бабит стави потпис на едногодишен договор со тимот од Атланта откако претходно му заврши договорот со Мајами Хит. Тимот на Атланта летово ги загуби Двајт Хауард, Пол Милсап и Табо Сефолоша и на составот во моментов му треба било каква помош за да се врати на победничките патеки.

Бабит има 28 години и игра на позиција крило, тој е левак и е солиден шутер на тројки.

Сепак, неговите бројки не се импресивни. Во седумгодишната кариера како НБА играч Бабит има просек од само 4.7 поени по натпревар. Тој беше 16-ти пик на драфтот во 2010 година.