Македонија во недела ќе го претстави новиот селектор!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонската ракометна федерација утрово закажа прес-конференција во недела во 12 часот за официјалното претставување на новиот селектор на репрезентацијата.

На кормилото на Македонија ќе седне тренерот на Металург, Данило Брестовац, кој ќе биде одговорен и за екипите до 21 и до 19 години.

Брестовац победи во конкуренција на шест домашни и странски тренери, кои се пријавија за селекторското столче во македонската репрезентација.

Да потсетиме, Брестовац работеше како асистент на Ивица Обрван и Лино Червар во националниот тим, но исто така и во Металург, па сите се надеваат дека тој ќе биде добар избор и ќе донесе уште подобри резултати и промени во македонската селекција.