Македонската ракометна репрезентација пристигна, првиот тренинг ќе се одржи попладне

Ракометната репрезентација на Македонија пристигна во францускиот град Мец каде ќе ги одигра натпреварите од СП кое стартува за два дена.

Ракометарите патуваа повеќе од 12 часа, а ќе престојуваат во хотелот Голден Тулип Амневил.

Првиот тренинг ќе се одржи денес со почеток од 16:30.

Македонија првиот натпревар го игра во четврток, а противник ќе биде репрезентацијата на Тунис. Натпреварот се игра од 17:45.