Манчестер Сити посакува играч на Наполи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Следејќи го примерот на Челси, кој од Наполи доби екстра играч од средниот ред во името на Жоргињо, од таборот на Манчестер Сити ќе се обидат следното лето да пазарат играч од средниот ред токму од Неапол.

„Калчо Наполи 24“ пренесува дека „Граѓаните“ се заинтересирани за играчот од средниот ред на наполитанците, Алан.

27 годишниот бразилски интернационалец игра одлично под водство на Карло Анчелоти, а Гвардиола во него видел идеална замена за Фернандињо кој влезе во завршните години од кариерата.