Манчестер јунајтед нуди 60 милиони евра за ѕвезда на Интер


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанските медиуми пишуваат дека Манчестер јунајтед сака да го ангажира Милан Шкрињар од Интер за 60 милиони евра.

„Црвените ѓаволи“ итно сакаат да ја засилат одбраната на клубот, а веќе се поврзуваа со неколку други дефанзивци, но очигледно најзагреани се за Шкрињар.

Овој 23-годишен дефанзивец и летоска привлече голем интерес, но на крајот остана во Интер. Сепак, нема долго да се задржи на „Џузепе Меаца“ ако може да им се верува на италијанските медиуми.

„Тутомеркато“ пишува дека Јунајтед нуди 60 милиони евра за неговиот потпис, но не е познато дали италијанскиот гигант ќе ја прифати пондуата поради тоа што претходно соопштија дека сакаат 90 милиони евра за дефанзивецот.