Манчестер Јунајтед ќе се коцка како со Марсијал, нудат големи пари за играч на Бордо

Од таборот на Манчестер Јунајтед се заинтересирани во своите редови да го видат фудбалерот на Бордо, Малком.

20 годишниот крилен фудбалер е еден од најдобрите играчи на Бордо, а сезонава на вкупно 17 натпревари во Лига 1 запишал седум погодоци.

Како што пишуваат медиумите од Англија, Жозе Мурињо во неколку наврати праќал скаути да ги следат игрите на Малком, а информациите кои биле предадени до Португалецот биле доста позитивни.

Сепак, Бордо нема да го пушти Бразилецот за сума под 30 милиони фунти, голема сума на пари кога во прашање е толку млад фудбалер.

Јунајтед еднаш се коцкаше кога во своите редови го донесе Марсијал за голема сума на пари и тоа на крај испадна како еден од подобрите трансфери на „ѓаволите“.