Манџукиќ ги одби милионите на Јунајтед


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манџукиќ во изминатиот преоден рок беше голема желба на Мурињо, кој му ветуваше и многу поголеми примања отколку во Јувентус, меѓутоа тој ги одби милионите на Јунајтед.

Тутомеркато пишува дека Манџукиќ не омекнал ни за сума од пет милиони евра по сезона, колку што му понудиле Црвените Ѓаволи, а пресудил конечниот состанок со тренерот на Старата дама, Алегри.

Со оваа долука хрватскиот напаѓач ја пропушти приликата да вметне уште лига од топ пет во својата кариера, после успешните сезони што ги имаше во Германија, Шпанија и моментално Италија.