Манџукиќ останува во „Старата дама“ до своето „ЗБОГУМ“ од фудбалот


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Останува ли Марио Манџукиќ во Јувентус до 2022. година?

Кориере дело Спорт на насловната страна на денешното издание тврди дека Јувентус има намера на Марио Манџукиќ да му понуди двегодишно продолжување на актуелниот договор кој истекува на 30. јуни 2020. година.

„Марио Манџукиќ ќе остане во Јувентус до крајот на кариерата“, уверува спортскиот весник и тврди дека управата на „Старата дама“ инсистира да го обнови договорот, особено откако Кристијано Роналдо неколкупати јавно се фалеше од доприносот на Манџукиќ.

Јувентус, во договорот со Ателтико Мадрид, го откупи Манџукиќ во 2015. година за 21 милиони евра. Во 2017. година Јувентус и Марио се усогласија околу продолжување на договорот.

Според сегашниот договор, Марио Манџукиќ во италијанскиот клуб годишно заработува 3,5 милиони евра, односно околу 70 илјади евра неделно.

Подобро се платени Шчесни 4 милиони, Кансело 4 милиони евра, Бернардески 4 милиони, Сами Кедира 4 милиони, Матуиди 5 милиони, Емре Чан 5 милиони, Пјаниќ 5,5 милиони, Дибала 5,5 милиони и Даглас Коста 8 милииони евра.

Марио Манџукиќ за Јувентус забележа 150 службени настапи, како и 43 погодоци и 22 асистенции.