Хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ повеќе нема да го носи дресот на својата репрезентација, откако преку социјалните мрежи реши да се пензионира од селекцијата.
Напаѓачот имаше многу убави моменти со репрезентацијата на Хрватска на Мундијалот во Русија, каде што го освои второто место и испиша историја.
Манџукиќ настапи 89 пати за Хрватска, а постигна 33 гола, па по големиот успех на Мундијалот сега сигурно му беше полесно да донесе ваква одлука.
„Мили навивачи, секогаш сакав да зборувам повеќе на теренот, отколку надвор од него. Па, поради тоа овие зборови се потешки, отколку да истрчам 120 минути. Потешко, зашто знам дека слушањето на нашата химна пред натпреварите е најголема емоција, Потешко, зашто знам каква чест е да се носи хрватскиот дрес и да се претставува државата… Па сепак, знам дека е време да ги кажам тие зборови… Се простувам од хрватската репрезентација…“, напиша Манџукиќ.
Македонскиот кардиолог и планинар Сашко Кедев е запишан во Гинисовата книга на рекорди како највозрасниот човек кој стигнал до вистинскиот врв на сите 14...
Англија вечерва од 20:45 часот гостува кај светскиот шампион Шпанија на стадионот „Метрополитано“ во Мадрид, во последниот натпревар од Групата А3 во Лигата на...
Македонските кикбоксери го завршија настапот на Европското првенство за сениори во Скопје со девет медали, еден златен, два сребрени и шест бронзени. Најголем успех...