„Марадона го уништија дрогите и веќе ниту тој не знае што збори за Меси“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот Диего Марадона ја изненади аргентинската јавност откако го нападна еден од најдобрите играчи на светот, Лионел Меси.

Марадона пред само неколку дена застана во одбрана на Меси и порача дека не може врз него да биде цел притисок во репрезентацијата, но подоцна ја промени плочата. Диего сега порача дека Меси едноставно не може да биде лидер на Гауочосите бидејќи 20 пати оди во ВЦ пред секој натпревар и дека водач на еден тим не смее така да се однесува.

Секако, Меси не ја коментираше оваа изјава на Марадона, но во неговата фамилија не можеа ова да го премолчат. На крај се огласи роднина на Меси, Макси Бјанкучи кој порача дека скоро никој не го сфаќа сериозно Марадона и дека едноставно дрогите го уништиле и дека е тажно да се гледа ова.

„Тажно е да го гледате Марадона како коментира за Меси. Зборуваше многу лошо за него, а свесен е дека тој е најдобар играч на светот. Веќе со години се зборува дека Меси е најдобар играч кој некогаш играч фудбал, а ова го прави бидејќи знае дека Меси е подобар од него. Дрогите го уништија и сигурен сум дека веќе и не знае што зборува“, изјави Бјанкучи.