Марадона направи шоу во соблекувалната, танц кој долго ќе се памети


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот Диего Марадона повторно се најде во центар на вниманието после видеото од соблекувалната на мексиканскиот Дорадос кој го предводи овој аргентински стручњак.

Имено, Марадона неодамна го превзема мексиканскиот второлигаш Дорадос и со тоа овој клуб привлече големо внимание на јавноста.

Дорадос преку ноќ стана центар на мексиканската јавност, а секако Марадона секој пат нуди нешто ново.

Дорадос овој викенд запиша нова победа од 2:0, а после натпреварот во соблекувалната на овој клуб бил вистински хаос, посебно кога Марадона почнал да танцува, а набрзо му се приклучиле и играчи од овој тим.