Марадона ја сфатил грешката, ќе бара прошка од Меси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот Диего Армандо Марадона пред неколку дена ја разбранува аргентинската јавност со изјава за Лионел Меси.

Познато е дека понекогаш Марадона не размислува премногу пред нешто да каже, па маките на Меси во аргентинската репрезентација ги прокоментира со зборовите ,,некој не може да биде водач на Аргентина ако пред натпреварот 20 пати оди во тоалет”.

Марадона на свој начин сакаше да каже дека Меси го нема она што е потребно да биде водач на екипата и надвор од теренот, но неговата изјава многумина изненади со обзир дека многу често јавно го фалеше својот сонародник.

Сега Диего сфати дека претера т.е. планира да се извини на Лионел Меси, соопшти неговиот адвокат Матиас Мерло.

,,Диего е навистина тажен бидејќи неговите зборови се сфатени како критика на сметка на Меси. Диего е лидер кој секогаш го подржува националниот тим и само сакаше да објасни дека Лионел е поразличен од него, но не и да го омаловажи. Сакаше само да истакне дека Меси не се наметнува како водач, ништо повеќе од тоа. Диего лично го повика Меси да му објасни се и да му се извини. Сепак, Меси и сам добро знае што Диего мисли за него, колку го сака и го цени”- порача Мерло