„Марка“: Перез ќе донесе еден од најдобрите напаѓачи во Реал Мадрид!


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, има интерсен план откако претходно Кристијано Роналдо го напушти клубот и се пресели во Јувентус за 105 милиони евра.

Перез вети големи засилувања за „кралевите“ во преодниот рок, па „Марка“ пишува дека најнова мета е Мауро Икарди од Интер.

Икарди има откупна клаузула од 110 милиони евра во договорот со Интер, а тоа нема да биде проблем за „кралевите“, па најверојатно наскоро ќе испратат понуда за него.

Напаѓачот на Интер игра фантастично во италијанската Серија А, а тоа го покажува и статистиката, односно во претходните две сезони, тој постигна 24, односно 29 гола.