Марка: Просинечки непрепознатлив, фудбалскиот свет шокиран


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Роберт Просинечки во играчките денови ги носеше дресовите на многу великани и затоа денес е толку почитуван.

Просинечки беше играч на Динамо, Ѕвезда, Реал Мадрид, Барселона, Севиља… Сето она што тој го работеше како играч остави голем белег, па популарниот Жути и денес кога е селектор на БиХ е исклучително ценет и почитуван, но овој пат угледната Марка пишуваше за него поради „негативниот имиџ“.

Марка воочи дека Просинечки се запуштил и многу се здебелил, па објави и една фотографија покрај информацијата дека БиХ ја победи Серверна Ирска во Лигата на нациите и дека утре против Австрија ќе има прилика да ја продолжи таа низа.

„Фудбалскиот свет е шокиран од неговиот изглед и фотографијата се шири како вирус низ социјалните мрежи“, пишува Марка која напомена дека Просинечки се прости од фудбалот на 35 години во сезоната 2003/2004.