„Марка“: Јунајтед е пред ангажман на ѕвезда за 32 милиони фунти!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед ќе се обиде да го ангажира Костас Манолас, а доколку може да им се верува на шпекулациите на шпанска „Марка“, тогаш англискиот гигант се наоѓа многу блиску до фантастичниот фудбалер.

„Црвените ѓаволи“ решија да ја засилат својата одбрана, а конечниот избор падна на Гркот, откако претходно добија „корпа“ за Никола Миленковиќ од Фиорентина.

Привремениот тренер Оле Гунар Солксјер не им верува премногу на Крис Смолинг и на Фил Џонс, па токму поради тоа смета дека Манолас ќе ги реши неговите проблеми.