Марко Бориело веќе не е играч на Ибица, но останува во клубот


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Искусниот италјански фудбалер Марко Бориело минатото лето ги изненади сите кога ги напушти СПАЛ и одлучи да потпише за шпанскиот третолигаш Ибица.

Бориело имаше шанса да остане и во Серија А но неговата одлука да оде во Шпанија изненади многумина. Искусниот напаѓач неодамна купи куќа на Ибица и одлучи дека таму сака да помине повеќе време и затоа договори соработка со шпанскиот третолигаш.

Меѓутоа во претходните неколку месеци Бориело не играше многу. Тој одигра вкупно седум натпревари и не успеа да се запише во листата на стрелците.

Одлучи да ја раскине соработката со Ибица и од денес е повторно слободен фудбалер.

„Разговарав со претседателот на клубот и заедно донесивме одлука околу раскинувањето на соработката. Секогаш ќе бидам навивач на овој клуб, го раскинав договорот и им ослободив буџет за да можат да донесат нови фудбалери. Сепак, останувам со претседателот и ќе се обидам да научам повеќе од него и се надевам дека ќе му помогнам на клубот надвор од теренот“- рече Бориело.

Тоа веројатно значи дека овој 36 годишен напаѓач нема веќе намера да игра фудбал, но сеуште официјално не потврди дека ја завршува кариерата.