Марко Ројс со својот оптимизам денес ги насмеа од срце сите љубители на фудбалот…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германскиот фудбалер, Марко Ројс даде една изјава која денес многумина ја пречекаа со насмевка.

Најголемата ѕвезда на Борусија Дортмунд смета дека овој тим вечерва може да го дополни заостанувањето од три погодоци против Тотенхем и да се пласира во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Многумина сметаат дека тоа ќе биде невозможно до оглед на тоа дека Дортмунд игра очаен фудбал во последно време. Интересно, Милионерите во последните седум меча запишаа само една победа. Сепак, Ројс смета дека можат да го прегазат Тотенхем.

„Одигравме многу натпревари на овој стадион во кој испишавме историја и мислам дека сме способни да го активираме невозможното. Важно е да веруваме во себе и да одиграме фантастичен меч“, истакна Ројс и додаде:

„Потребно е да принајдеме вистински баланс помеѓу одбраната и нападот. Мораме да постигнеме погодоци во вистински моменти. Но, морам да кажам дека веруваме во себе“, вели тој.

Секако, сега во Ројс сите се сомневаат, но топката е круг и никогаш не знае што може да се случи во вечерашниот меч.