Мароко го елиминира БСК, Конго лесно го совлада Того и се пласира во 1/4 финале (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Од последното трето коло од групата Ц на АКН се одиграа два натпревари.

Мароко ја победи Брегот на Слоновата Коска минимално, 1:0.

Фајр во првото полувреме немаше среќа бидејќи ја погоди стативата. Пред крајот на првото полувреме Калу се закани по голот на Мароко, но голманот фантастично одбрани.

Во второто полувреме Алиуи постигна фантастичен погодок од далечина за победа на Мароко, 1:0.

Мароко се пласира во 1/4 финалето на АКН како втор од групата Ц.

ДР Конго го совлада Того со 1:3.

Кабананга му донесе водство на ДР Конго во првото полувреме. Пред крајот на првото полувреме Кебано ја погоди стативата после изведениот корнер.

Ндомбе во 54-та минута го зголеми водството на ДР Конго. Лаба го постигна единствениот погодок за Того на овој натпревар кој намали на 1:2.

Конечните 1:3 ги постави Ебунге кој од слободен удар постигна фантастичен погодок десет минути пред крајот на натпреварот.

ДР Конго се пласира во 1/4 финалето на АКН како прв од групата Ц.