Марота го прави најголемото предавство во историјата на Јувентус!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Јувентус неодамна соопшти дека Џузепе Марота ќе ја напушти функцијата на спортски директор во клубот на крајот на месецот, а тоа ги шокираше навивачите.

Марота во Јувентус помина осум години и успеа да направи неколку неверојатни потези со кои клубот од Торино стана доминантен во Италија.

Сепак, навивачите на „Старата дама“ останаа зачудени со одлуката на клубот дека Марота замине, а уште не е позната точната причина за тоа.

Но, очигледно Марота нема долго да биде без работа и се шпекулира дека ќе се пресели во Интер, каде што ќе добие директорско место. Марота во Јувентус е до крајот на месецов, а потоа заминува.

Ова најверојатно ќе биде едно од најголемите предавства во историјата на Јувентус.