Маскерано заминува од Барселона


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Искусниот играч  на Барселона, Хавиер Маскерано по се изгледа ја игра последната сезона на „Камп Ноу“.

Како што пишува каталонскиот весник „Спорт“, Аргентинецот по крајот на сезоната и дефинитивно ќе замине од клубот и ќе се пресели во МЛС Лигата.

Маскерано, кој во минатото беше користен на многу позиции на теренот во редовите на Барселона пристигна од Ливерпул. Сега, пред крајот на неговата фудбалска кариера ќе започне ново поглавје во фудбалот во САД.