Масовен егзодус од тимот на Кавс, уште еден играч побарал трејд


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


 

Откако Кајри Ирвинг го напушти тимот на Кливленд Кавалирс, полека почнаа да се покажуваат картите во тимот на ланскиот финалист. Денеска раководството на Кавси објави дека Ирвинг не бил единствениот играч кој побарал трејд надвор од тимот.

 

Иман Шамперт побарал да биде трејдуван од тимот на Кливленд поради тоа што добивал мала минутажа во минатата сезона. Во меѓувреме раководството на Кавалирс барале потенцијални дестинации за нивниот играч но планираните трејдови во Минесота Тимбервулвс и Хјустон Рокетс пропаднале поради преголемата побарувачка од страна на Кливленд.

 

Најголем проблем при евентуалниот трејд на Шамперт е тоа што тој има двегодишен договор на плата од 10.3 милиони долари, а ниту еден тим во НБА лигата не сака да си го загрози селари-кепот со играч кој нема завиден офанзивен учинок.