Матиќ и Коста не отпатуваа на турнејата со Челси


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Експедицијата на Челси замина на претсезонската турнеја во Кина без Немања Матиќ и Диего Коста.

И двајцата се поврзуваат со заминување од „Стемфорд Бриџ“ ова лето па затоа не беа во авионот како дел од играчкиот кадар на Челси кој отпатува за Пекинг.

Матиќ е поврзуван со трансфер во Манчестер Јунајтед и Јувентус, додека Коста е посакуван од Атлетико Мадрид.

И Курт Зума не се најде во составот на Челси меѓутоа за него веќе е јасно дека ќе биде нов фудбалер на Стоук откако пред неколку денови беше фотографиран во нивниот тренинг центар со тренинг опрема на клубот.