Маурисио Сари откри дека Мората веројатно нема да игра со Арсенал и истакна дека ова е тежок период за него


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Напаѓачот на Челси, Алваро Мората е многу блиску до заминување од „Стемфорд Бриџ“ откако за него сериозен интерес има од таборот на Атлетико Мадрид.

Стратегот на Челси, Маурисио Сари истакна дека не е сигурен дали Мората ќе игра против Арсенал, но призна дека сочувствува со него во овие моменти кога целата ситуација околу неговата иднина воопшто не е позната.

„Не знам дали ќе игра против Арсенал, но тој тренира со нас. Ова е многу тежок момент за него, но тоа е нормално за играчите во јануари кои се инволвирани на трансфер пазарот. Тој е достапен“- истакна Сари.