Мајами Опен – Надал преку Фоњини стигна до финале!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рафаел Надал се пласираше во финале на вториот Мастерс во сезоната кој оваа недела се игра во Мајами и тоа по победата против Фоњини со 2:0 во сетови, односно 6:1 и 7:5.

Иако Фоњини имаше добар турнир, Рафа беше голем фаворит на овој натпревар, а таа улога ја оправда на теренот.

Првиот сет помина во доминација на Надал кој за 26 минути стигна до 6:1, а во вториот сет Фоњини се спротистави, но немаше сили да направи нешто повеќе.

Во финале тој ќе се бори против подобриот од натпреварот Кирјос-Федерер.