Мајами Опен – Надал ќе почека за титула во Мајами, Федерер е новиот владетел!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Денес беше одиграно финалето во Мајами помеѓу Федерер и Надал.

Натпреварот започна со притисок на Надал кој имаше 2 брејк топки на почетокот, но не ги искористи.

Натпреварот беше израмнет до 8-от гејм, во кој Федерер успеа да направи брејк за 5:3, откако ја искористи 6-та брејк топка во сетот.

Потоа сервираше одлично и стигна до 6:3 во првиот сет.

Вториот сет беше израмнет се до 9-от гејм. Тогаш Федерер успеа да ја искористи својата 3-та брејк шанса во сетот и да стигне до 5:4.

Потоа сервираше одлично и стигна до 6:4 и уште еден трофеј на Мастерс серијата.