Ма каков Модриќ: Тој е класа под најдобриот, бидејќи најдобриот е категорија сам за себе…?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пабло Мачин, кој со Севиља оваа сезона се бори за првата позиција во Шпанија, никако не се согласува со резултатите од изборот за „Златната топка“.

„Модриќ не е ниту во најдобрите фудбалери на светот, ниту играч кој прави најмногу разлика. Постои играч кој е подобар од него, но јасно ми е дека секој мора да исфура некое ново лице, за изборите да не станат монотони“.

Мачин открива на кого мисли: „Меси секако повеќе ја заслужува оваа награда, бидејќи тој е класа над Модриќ. Да се разбереме, тој е одличен играч. Меѓутоа, таквите како Модриќ ги има многу, додека Меси е над сите нив и е категорија сам за себе“.