Медисон Киз е последна полуфиналистка на Ју-Ес опен


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Медисон Киз се пласираше во полуфиналето на Ју-Ес опен, откако беше подобра од Карла Суарез Наваро со 2-0 во сетови, односно 6-4 и 6-3.

По голема борба во првиот сет, неколкупати Киз се жалеше поради бучавата од трибините, па Американката успеа да го реши сетот во десетиот гем.

Не беше многу полесно ниту во вториот сет, но Киз овојпат не дозволи брејк топка на противничката, а притоа ја искористи втората која ја доби и така стигна до полуфиналето.

Таму ќе игра против Наоми Осака, а вториот полуфинален пар е составен од Серена Вилијамс и Анастасија Севастова.