МекГрегор: “Диаз мора да се симне на 70 кг ако сака трета борба!”


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


 

Изгледа дека Конор МекГрегор нема намера да ја продолжи боксерската кариера по својата единствена борба во која загуби од Флојд Мејведер. Наместо тоа, тој повторно ќе се фокусира на својата УФЦ кариера.

 

Сѐ поголеми се шпекулациите дека следната борба на МекГрегор ќе биде со неговиот најголем ривал досега, Нејт Диаз. Но овојпат МекГрегор сака да ги постави условите.

“Ако Диаз сака да се бори против мене, ќе мора да се симне на 70 килограми. Се борев со него на 77 килограми и изгубив, за потоа да побарам реванш и да го победам. Сега ќе се бориме само под мои услови. Ако сака да ја нападне титулата мора да дојде во мојата категорија.” – рече МекГрегор.

 

Конор МекГрегор ја освои титулата во категоријата до 70 килограми во борбата против Еди Алварез и оттогаш не е предизвикан во оваа категорија.