Мексиканец ја има најтажната приказна на СП во Русија (ВИДЕО)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Патувањето на Светското првенство (СП) во Русија требаше да биде вистински фудбалски празник за целото семејство Мартинез, но тешката сообраќајна несреќа на 28. април во Делреј Бич на Жилберт му земала сè.

Мексиканецот побарал помош од психијатар, кој го советувал да патува во Русија, како што претходно планирал.

Жилберто на првиот натпревар против Германија уживал во победата на својата репрезентација. Со себеси носел и навивачки акредитации на сопругата и двете деца, кои починале во несреќата.

Уште поубава вест го дочекала по натпреварот. Голманот на Мексико му испратил емотивна порака – Победава беше за вашето семејство!

„Веро, Диего и Миа, засекогаш сте со мене“, пишува на дресот кој го носи Жилберто во Русија.