Меси е најдобар и тука нема збор: Какви параметри бараше „Златната топка“?!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Уште една неверојатна сезона на фудбалерот на Барселона во најава.

Барселона сионоќа убедливо славеше против Леванте, во Валенсија беше дури 5:0, а архитектот на победата беше Лео Меси.

Фантастичниот Аргентинец постигна хет-трик, запиша две асистенции и така директно учествуваше кај сите погодоци на својата екипа.

Дека Меси навистина ги поместува гранциите на фудбалот покажуваат и параметерите во кои е најдобар кога се сметаат сите фудбалери од петте најсилни лиги во Европа.

Тој има најдобар просек на погоодоци, асистенции и клучни додавања по мечот, најмногу по погодоци од слободни удари, најдобар процент успешни дриблинзи, додека „дури“ втор по бројот на удари на голот е противникот од стартот на сезоната.

На 19 натпревари во сите натпреварувања, Меси постигна 20 погодоци и запипа 12 асистенции, а многу фанови на Аргентинецот ги мачи едно прашање – ако тој е петти фудбалер на светот во изборот на ФИФА, какви се сите оние пред него?