Меси за малку ќе добиел ќотек во соблекувалната на Аргентина!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Станува збор за настан од 2011. година кога Лионел Меси претерал, но за среќа немало посериозни последици.

Приказната ја откри Николас Бурдисо, стопер кој во моментов е без клуб, откако му заврши договорот со Торино.

Бурдисо има 37 години, а 49 пати го носеше дресот на Аргентина, но никогаш повеќе не беше повикан во селекцијата по 2011. година.

Токму во таа година, малку недостигало да го претепа Меси по еден натпревар во кој ѕвездата на Барселона го навредила.

„Се налути и ме навредуваше, бидејжи не можев да му ја додадам топката. Делуваше ужасно на теренот. Првата работа која ја направив е тоа што го пречекав во соблекувалната, но соиграчите открија што ќе се случи, па спречија физички контакт. Меси е силен, но и јас сум таков. На крајот немаше никакви последици“, открива Бурдисо.