Меси испиша историја, Роналдо остана во „сенка“!

Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси по петти пат во кариерата ја освои наградата за најдобар стрелец во Европа.

Меси така испиша историја, откако стана првиот фудбалер со пет „Златни копачки“ и зад себе го остави Кристијано Роналдо, кој до минатата година имаше по четири трофеи со Аргентинецот.

Меси во сезоната 2017/18 постигна 34 гола на 36 настапи во Ла Лига, а најдобар беше во сезоната 2011/12 кога постигна дури 50 погодоци.

Денеска во Барселона ја доби својата петта „Златана копачка“, а интересно е тоа што и во моментов е најдобар стрелец со 14 постигнати голови.