Меси и Нејмар се побуниле поради доведувањето на Пако Алкасер


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Во Барселона нешто не штима во последно време, не кога се во прашање резултатите, веќе во соблекувалната.

Шпанските медиуми денеска пренесоа дека најголемите две ѕвезди на Барселона Нејмар и Лионел Меси не се задоволни поради ангажирањето на Пако Алкасер од Валенсија.

Поточно, најголемите две ѕвезди во Барселона не можат да поднесат дека не се реализирале нивните желби кога е напаѓач во прашање, поради тоа што Нејмар и Меси имале свои големи фаворити.

Меси за нов напаѓач сака да го види својот репрезентативен колега Паоло Дибала од Јувентус, но тој беше прескап поради тоа што Јувентус бараше дури 80 милиони.

Од друга страна, Нејмар бараше во клубот да дојде Бразилец, бидејќи дури четворица Бразилци го напуштија Ноу Камп и тој се чувстува изолирано.

Ќе видиме како оваа ситуација ќе се одрази, но не треба да се доведат во прашање победите на спектакуларниот каталонски тим кој и во оваа сезона игра одлично на самиот старт.