„Ме разочара!“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Легендарниот играч за врска на Јунајтед, Пол Сколс е разочаран од игрите на една ѕвезда на клубот.

Станува збор за левиот бек Лук Шо кој повеќе нема место ниту на клупата за резервни играчи.

Сколс изјави дека не е сигурен поради што Шо игра толку лошо, но изјави дека е разочаран.

„Лук Шо е големо разочарување. Кога играте добро во Саутемптон и за Англија, тогаш очекувате од такво фудбалер да биде еден од најдобрите играчи во светот, но поради некоја причина не е така. Тешко е да се каже што точно се случи, но има некоја причина.“