Милан на зимски шопинг во Лондон: Гатузо сака уште еден фудбалер од Челси!?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Милан се соочува со големи проблеми со повреди, па ќе мора дополнително да се засилуваат во јануари, а досега се поврзуваа со двајца фудбалери на Челси, па денеска се појави и трето име.

„Росонерите“ најверојатно ќе се засилат со Гери Кејхил и Цеск Фабрегас од Челси, но тоа не е сè, тие го сакаат и младиот Андреас Кристенсен.

Стоперот на „сините“ не добива многу шанса сезонава, па тренерот Маурицио Сари наводно нема ништо против да го испрати на позајмица во Милано.

Екипата од „Сан Сиро“ не би можела сега да го откупи, но позајмицата ќе заврши работа барем до лето.