Милан се откажа од Ибрахимовиќ, но затоа си најде засилување во Ливерпул!?

Милан мораше да се откаже од ангажманот на Златан Ибрахимовиќ бидејќи неговиот агент Мино Рајола бара премногу пари за провизија, а притоа тие се сомневаат и во физичката подготвеност на Ибра.

Поради тоа, „росонерите“ ќе се обидат да најдат решение на друго место за нападот, а се споменуваат и засилувања од Ливерпул.

Наводно, Милан сака да почне преговори со Дивок Ориги или со Даниел Стариџ, кои би можеле да пристигнат на „Сан Сиро“ на позајмица.

Во медиумите се споменуваше и името на Евертон, бразилскиот напаѓач на Гремио, но тоа уште не е сигурно.

Остануваат отворени и преговорите за Цеск Фабрегас од Челси, но тренерот на лондонскиот гигант кажа дека сака да го задржи Шпанецот на „Стемфорд бриџ“.