„Милан ќе биде секогаш во моето срце!“


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Поранешниот играч на Милан и Реал Мадрид, изјави дека се надева дека Милан наскоро ќе се врати во врвот на европскиот фудбал.

Бразилецот пред неколку години одлучи да го напушти Милан и да се врати во Сао Паоло каде што не се задржа долго, затоа што се пресели во САД. Кога ја прифати понудата на Орландо, тој изјави дека ужива во фудбалот.

Кака најдобрите денови ги помина во Милан со кој освои се што може да се освои, а потоа потпиша за Реал. Милан веќе неколку години има проблеми и се обидува да избори пласман во Европа.

„Чудно ми е Берлускони што не е тука. Тој и Галијани го направија најдобриот клуб во светот кој доминираше долго. Се надевам дека промените ќе донесат резултати. Милан секогаш ќе биде во моето срце.“