Миленикот на навивачите ја продолжи верноста кон Ливерпул


Србија прв тест за "големиот" најскап фаворит! Холандија во проблеми! ↓↓↓


Ендру Робертсон пред година ипол пристигна во Ливерпул од Хул Сити и многу бргу стана миленик на навивачите.

Овој 24 годишен лев бек срцето на навивачите го освои со пожртвуваноста и беспоштедната борба на теренот, а „неуморниот“ Робертсон заработи и нов договор на Енфилд.

Имено, тој потпиша нов договор со Редсите, со опција на продолжување од додатна година.

„Многу лесна одлука за мене, воодушевен сум што потпишав нов договор со овој голем клуб. Ви благодарам на вашите пораки. Исклучително го ценам тоа“, се обрати Робертсон на навивачите на Ливерпул на својот Твитер профил.