„Мирко е кукавица, се крие зад компјутерите“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Вандерлеи Силва требаше на 29-ти декември да се бори против Мирко Филиповиќ, но борбата беше откажана.

Кро Коп испрати порака до Бразилецот дека ќе го претепа кога ќе го види, а Силва му одговори на Хрватот.

„Сакам да дадам објаснување на навивачите зошто ја откажав борбата против Мирко. Не оздравев и не сум подготвен за борба. Професионалец сум и никогаш не би можел да се борам ако не сум 100% подготвен.“

„Но тоа што ме изненади е овој борец од Хрватска. Ставот на Мирко Филиповиќ. Кога сум пред него ми вика дека сум легенда, а преку интернет зборува разни глупости. Не смее тоа да ми го каже во лице и се крие зад компјутерите.“