„Мислам дека Витсел нема спиено со денови поради таа одлука! “


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Белгискиот фудбалер Аксел Витсел се пресели во Кина, односно во Тијанџин.

Јасно им е на сите дека Витсел на тој чекор се одлучи поради парите, а неговиот колега Мертенс верува дека Витсел поради оваа одлука нема спиено со ноќи.

„Парите се важни и мислам дека Витсел нема неколку ноќи спиено поради оваа одлука. Тоа е комплициран избор и ниту малку не е лесно.“

Тој кажа и дека му е убаво во Серија А и дека би сакал да го продолжи договорот со Наполи.

„Се надевам дека ќе дојде до продолжување. Ќе видиме што ќе се случи.“