„Ми дојде да повратам!“


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Јирген Клоп по ремито на Ливерпул против Борнмут изјави дека за малку ќе поврател по голот на Борнмут.

Изгледаше дека Ливерпул ќе ја потврди позицијата во топ 4, но откако Кутињо и Ориги го донесоа Ливерпул во предност од 2:1, следуваше шок во 87-та минута кога Кинг погоди за 2:2.

„Во главно во еден момент да го затворите натпреварот, ние тоа не го направивме, останавме со отворен натпревар.“

„Два пати не успеавме да ја исфрлиме топката,  ми дојде да повратам поради тоа.“

„Морам да превземам одговорност за овој резултат. Морам да најдам решение за ова.. Претходно кажав лоши работи за мојата одговорност, играчите се заслужни за се добро што правиме.“