Млад фудбалер на чекор од потпис за Арсенал


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Денес стигна Кеон Бремел, а после него следува нов фудбалер.

Арсенал продолжува да размислува за засилувањата, но не за првиот тим, туку за резервниот.

Венгер сака да доведе фудбалери кои во иднина би можеле да заиграат за првиот тим или на тимот би му донеле добра заработка од нивната продажба.

Кеон Бремел е таков фудбалер, тој денес потпиша договор со Арсенал, а на чекор е и ново засилување.

Сан пишува дека Арсенал е на чекор од доведување на фудбалерот на Вимблдон, Тоби Сибик.

Ова момче има 17 години, а Вест Хем и Вотфорд исто така се заинтересирани за него.

Тоби може да игра како дефанзивец и десен бек.