„Модриќ во Интер? Во фудбалот се е можно“


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Хрватскиот фудбалер Лука Модриќ летово се поврзуваше со премнување во Интер, но на крајот остана во Реал Мадрид.

Меѓутоа, се чини дека италијанскиот клуб не сака туку така да се откаже од доведување на најдобриот играч на светот за 2018 година. Како што пренесуваат италијанските медиуми челниците на ИНтер се одлучни на крајот од наредната сезона повторно да се обидат да го доведат Модриќ.

Спортскиот директор на ИНтер, Пиеро Аусило денес порача дека во фудбалот се е можно, и дека не треба да се отпише можноста за доаѓање на Модриќ на Меаца.

„Никогаш не велете никогаш. Во фудбалот се е можно. Минатото лето реков дека сме отворени за преговори доколку Реал Мадрид сака. Тие не сакаа да го продадат и тоа е тоа. Сепак, сигурно повторно ќе пробаме доколку имаме шанси. Како што реков во фудбалот се е можно“, изјави Аусило.