Модриќ откри што мисли за потенцијалниот трансфер на Роналдо во Јувентус


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во центар на внимание деновиве е Кристијано Роналдо, кој најверојатно ќе ја продолжи кариерата во Јувентус.

Шпекулациите за заминувањето на Роналдо од Реал во Јувентус се појавија пред неколку дена, а наскоро се очекува реализација на истиот. Секако, навивачите на „кралевите“ се надеваат дека нема да се случи тоа.

За целата ситуација одлучи да зборува и хрватскиот репрезентативец Лук Модриќ по победата против Русија. Играчот на „кралскиот клуб“ кажа дека Роналдо најверојатно ќе остане во Реал Мадрид.

„Ќе видиме што ќе се случува. Не верувам дека ќе замине. Се надевам дека ќе остане, зашто тој е најдобар играч на светот и многу е важен на нашата екипа. Мое мислење е дека ќе остане. Едноставно не можам да го замислам да игра за било кој клуб на светот“, вели Модриќ.